Курти: Грабнувањето на косовските полицајци потсетува на грабнувањето на американските маринци во 1999 во Куманово

од Nikola Popovski
325 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти денеска информираше дека тројцата уапсени косовски полицајци ќе бидат изведени пред судот во Краљево.

-Изгледа дека обвинението за тероризам е повлечено, но останува тоа за поседување нелегално оружје. Тие беа грабнати на 300 метри внатре во косовска територија. Ова грабнување не потсетува на грабнувањето во Куманово на 31 март 1999 година, за време на интевенцијата на НАТО, кога српската армија грабна тројца американски маринци. Се сеќавам дека тогаш граѓанскиот активист Џеси Џексон правеше напори, зборувајќи со Слободан Милошевиќ за да се ослободат. Србија има традиција да грабнува други долж нејзините граници затоа што никогаш ги нема уредено како што треба, рече Курти на Преспа Форумот за дијалог во Струга.

Курти уште еднаш побара Србија да го признае како независно.

-Белград е друго прашање. Сакам Србите да ги имаат права и ќе ги сослушам. Мора да ги разделиме политичките барања од криминалните организации, кажа меѓу другото косовскиот премиер.

Слични содржини