Курти: Гренел прави притисок, сака брзо решение

од Stefanija Kuzmanovska
122 прегледи

Лидерот на „Самоопределување“ и поранешен косовски премиер Албин Курти вели дека пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Ричард Гренел врши голем притисок врз Косово и сака брзо решение за Белград и Приштина.

Во изјава за виенски „Стандард“, Курти ги критикуваше и досегашните иницијативи на Гренел, и го обвини американскиот службеник за еднострано однесување, односно дека има сè повеќе барања кон Приштина и дека веќе ги нема кон Белград.

Тој вели дека Гренел, додека бил се уште премиер, барал Србија да ја прекине кампањата за признавање на Косово, а Косово да ги укине даноците, но дека по неговата посета на Србија, тој никогаш повеќе не споменал прекинување на кампањата за признавање. Курти исто така наведува дека делегацијата на Приштина, која е во САД, нема ниту легитимитет ниту овластување на парламентот.

„Кога станува збор за историски важна тема, не е можно да се патува на преговори без дискусија во парламентот“, рече тој. Курти посочува дека му пречи недостатокот на транспарентност, бидејќи не се познати ниту дневниот ред, ниту рамките, ниту темите.

„Апсолутна темница владее“, подвлече тој.

Курти смета дека состанокот во Вашингтон нема да донесе никаков одржлив резултат.