Курти и Лајчак разговарале за спроведувањето на договорите од Брисел и Охрид

од Nikola Popovski
228 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти, како што соопшти неговиот кабинет, со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, во Приштина разговарал за „аспектите поврзани со целосното спроведување на Основниот договор од Брисел и Имплементацискиот анекс од Охрид“.

Во соопштението на Владата на Косово, се вели дека се разговарало за „правната безбедност со потпишување (Бриселскиот договор и Охридскиот анекс), но и за други теми и прашања како почитување на законските процедури за вонредни избори во четири општини во северно од Косово“.

„Владата на Република Косово останува посветена на целосна нормализација на односите со Србија и заемно признавање преку процес на еднаков, избалансиран и фер дијалог за двете страни“, се вели во соопштението.

По средбата со Курти, Лајчак се сретнал и со првиот вицепремиер на Косово, Бесник Бисљими и рекол дека „во поширок поглед има мал напредок“ во процесот на нормализирање на односите, иако минатата година имаше важни резултати како што се енергетскиот договор и Охридскиот договор.

Тој потенцирал дека „нема потреба да се прашува што треба да се направи, туку кога ќе го направиме“ и дека тоа ќе го направи што е можно поскоро бидејќи се ближат изборите за ЕУ, а вниманието ќе биде насочено кон нив.

Слични содржини