Курти: Испратете повеќе војници поради „инвазијата на Србија“

од Симе Стоиков
319 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за британски Телеграф изјави дека Британија треба да испрати повеќе војници на Косово за да спречи војна на Западен Балкан.

Според него, „симболичното“ присуство на НАТО во земјата не би било доволно за да се спречи инвазијата на Србија.

На прашањето дали Велика Британија треба да го зголеми своето воено присуство во регионот, Курти рече:

„Велика Британија е дел од НАТО и тие така дејствуваат и постапуваат. Верувам дека треба да има повеќе војници на НАТО на Косово“.

Телеграф наведува дека НАТО има 4.000 војници на теренот во Косово, нагласувајќи дека Курти рекол дека неговата земја „може уште подобро да се заштити“ и дека „НАТО треба да биде поангажирана во Косово, и воено и политички“ поради заканата од Белград.

Курти рече дека веќе побарал од Брисел повеќе војници на Косово „неколку пати“, вклучително и пред инвазијата на Владимир Путин на Украина во февруари 2022 година, како и последниот пат кога тој тоа го побара минатата година.

Слични содржини