Курти: Изјавите на Вучиќ се закана, Косово ќе се брани

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти ја оценува како закана и воена агресија вчерашната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ кој најави дека Србија ќе бара од КФОР дозвола за да постави свои безбедносни сили на Косово.

Вучиќ вчера во своето обраќање изјави дека Србија ќе испрати барање до мисијата на НАТО во Косово за враќање на илјада припадници на војската и полицијата на Србија на територијата на Косово во согласност со резолуцијата 1244.

Курти во врска со ова на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека Косово силно и одлучно ќе се брани.

Тој овие изјави на Вучиќ ги нарече закана и воена агресија.

„Претседателот и премиерката на Србија, исто така, се заканија со воена агресија, барајќи српската војска да се врати на наша територија. Ние не бараме конфликт, туку дијалог и мир. Но, дозволете ми да бидам јасен: Република Косово ќе се брани – со сила и одлучност“, напиша Курти на Твитер.

Во општините на северот на Косово, каде мнозинството се Срби, во текот на вчерашниот ден беа подигнати барикади поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.

Слични содржини