Косовскиот премиер Албин Курти ја одби поканата на премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, да присуствува на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“.
Оваа информација ја пренесоа приштинските медиуми, а состанокот меѓу земјите-членки на „Отворен Балкан“ се одржува во Охрид на 7 и 8 јуни.
Според Коха, во соопштението на косовската влада се наведува дека Курти му испратил писмо на Ковачевски во кое уште еднаш го објаснил односот на Косово кон регионалната соработка.
Курти изјави дека Косово ја поздравува регионалната соработка која се заснова на принципите на еднаквост и затоа е активно вклучено во берлинскиот процес.
Во писмото додава дека Берлинскиот процес опфаќа многу регионални иницијативи, вклучително и Заедничкиот регионален пазар, кој беше одобрен од шесте земји од Западен Балкан на Самитот во Софија 2020 година.
Тој, исто така, тврди дека Србија бара нееднаков третман на граѓаните на Косово во рамките на Берлинскиот процес и го блокира секој договор во рамките на Заедничкиот регионален пазар што дозволува регионална соработка заснована на принципите на еднаквост.