Курти ја отфрли идејата за формирање привремена влада на Косово

Курти нагласи дека неговата трета влада ќе биде „ништо повеќе, ништо помалку, туку таква каква што треба“, објави „Косово онлајн“.

од Vladimir Zorba
47 прегледи Фото: Фејсбук/Официјален профил на Албин Курти

Премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека новата влада ќе биде избрана штом Собранието на Косово ќе започне со работа, отфрлајќи ја идејата за формирање привремена влада, која претходно ја предложи неговиот коалициски партнер Мимоза Кусари-Љиља.

Курти нагласи дека неговата трета влада ќе биде „ништо повеќе, ништо помалку, туку таква каква што треба“, објави „Косово онлајн“.

„Ние сме влада во технички мандат. Штом Собранието ќе започне со работа, ќе избереме нова влада. Сега сум во седмиот месец од петтата година од целосен мандат, па повеќе отколку што ми требаше. Првиот пат беше помалку отколку што ми требаше, третиот пат ќе биде токму како што треба“, рече Курти, како што објави „Газета Експрес“.