Претседателот на движењето Самоопределување, Албин Курти, изјави дека Приштина ќе отвори ново поглавје со Белград преку искрен дијалог заснован на реципроцитет и еднаквост.
Курти за бугарската агенција БТА изјавил дека нема да биде лесно, но дека се надева дека ќе воспостави нов дијалог под покровителство на Брисел и со помош на САД.
Зборувајќи за евроинтеграциите, Курти рече дека ќе работи со пет членки на ЕУ кои не ја признаваат еднострано прогласената независност на Косово, со цел да го сменат своето мислење.
Тој рече дека тоа ја забавува „европската интеграција на Косово“, како и визната либерализација, што не беше одобрено, иако, според него, Приштина ги исполни сите услови.
Зборувајќи за постизборните коалиции, Курти рече дека дури и да формира коалиција, тоа ќе биде со партија на национално малцинство, но не со српско, или со опозициски пратеник кој би сакал да ги претставува граѓаните кои гласале за него, без оглед на партијата во која припаѓа.