Курти: Ќе се одржат избори на северот на Косово

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти изјави денеска дека изборите во четири општини на северот на Косово ќе се одржат на 23 април и додаде дека нема информации за дестабилизација во тој дел од земјата.

„Одржуваме состаноци со меѓународните безбедносни институции и ги правиме неопходните подготовки за се да помине без проблеми, фер и демократски. Немаме информации за дестабилизација. Споделивме податоци и анализи меѓу себе. ОБСЕ е за соработка и безбедност, но немаме причина да веруваме дека ќе има некакви пречки во недела“, рече тој.

Тој посочи дека изборите ќе бидат мирни и демократски и додаде дека институциите на Косово ги вршат последните подготовки за нивно организирање, за што нема никакви пречки освен медиумско заплашување на Србите со пропаганда од медиуми блиски до властите во Белград, пренесе Танјуг.

Курти ова го изјави по поставувањето на камен-темелникот на зградата на Агенцијата за катастар на Косово и уште еднаш побара целосно и итно спроведување на договорот меѓу Србија и Косово за нормализација на односите.

Косовскиот премиер ја повика Европската унија да ја принуди Србија да го спроведе договорот договорен во Брисел на 27 февруари и неговиот имплементарен анекс договорен на 18 март во Охрид.

На 23 април во Косово треба да се одржат вонредни избори за градоначалници на општините Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

Одлуката за изборите е донесена откако минатата година градоначалниците на тие општини заедно со другите Срби од Косово поднесоа оставки, во знак на противење на одлуката на Владата на Косово да иницира процес за пререгистрација на автомобилите.

Слични содржини