Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Брисел го критикуваше пристапот на Европската унија кон Косово и Србија, наведувајќи дека напорите на Приштина за подобрување на демократијата и владеењето на правото се прифаќаат со зборови, но многу ретко се поддржани со постапките на ЕУ, пренесува „Косово Онлајн“
Курти, за време на рестартирањето на Програмата за проширување на Европската унија „Вили Брант“ од страна на социјалистите и демократите, рече дека за време на неговиот мандат, косовската политика била „повеќе сакана отколку поддржана“, додека српската била „помалку сакана, но повеќе поддржана“.
Тој повтори дека Србија, иако добила поддршка, „ги крие терористите од случајот Бањска“, додека Косово останува под мерките на ЕУ.
„Нашите напори за подобрување на демократијата, владеењето на правото и фундаменталните вредности на ЕУ беа прифатени со зборови. Но, тие многу ретко беа поддржани со дела. Со други зборови, нашите политики беа повеќе сакани отколку поддржани. А политиката на нашиот сосед беше помалку сакана, но повеќе поддржана. Косово останува под рестриктивните мерки на ЕУ“, рече Курти.