233
Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека косовските полицајци ќе бидат сослушани доколку не се однесуваат добро на северот на Косово.
„Се надевам дека тие не ги прекршуваат полициските правила и доколку има прекршувања, тие ќе бидат испитани“, изјави Курти за германскиот весник „Шпигел“.
Говорејќи за присуството на единиците на косовската специјална полиција во северниот дел на Косово, Курти тврди дека тие биле испратени таму да ги заштитат граѓаните и, како што наведе, да апсат криминалци.