Курти не дозволува формирање на ЗСО: „Белград најмногу инсистира на неа“

од Nikola Popovski
287 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа повтори во Собранието на Косово за време на расправата за европскиот предлог дека Заедницата на српски општини (ЗСО) нема да помине, наведувајќи дека формирањето на ЗСО е барањето на кое Белград најмногу инсистира, пренесува Коссев.

„Заедницата не поминува, не го помина судот, не го помина народот. Заедницата не поминува ниту кај премиерот ниту кај Владата, но кај вас помина“, ѝ рекол Курти на опозицијата, која го критикувала за промена на ставовите, пишува „Коха“.

Наведувајќи дека формирањето на ЗСО е барањето на кое најмногу инсистира Белград, Курти истакнал дека кога и да се сретне со претседателот на Србија во Брисел, тој само вели „Заедница и ништо повеќе“.

Косовскиот премиер тврди и дека од есента минатата година Белград инсистира договорот да се склучи по формирањето на ЗСО.

Курти изјавил дека „ова не се случило и дека Косово остварило победа“.

За пратениците кои во 2013 година гласаа за усвојување на договорот за ЗСО, Курти вели дека нивните сегашни позиции покажуваат дека тие „гледаат со други очи“.

„Значи, тоа се пратениците кои гласаа за Заедницата во 2013 година, а сега ме критикуваат затоа што декларативно се сменија. Не сум се променил во поглед на содржината“, рекол Курти, додавајќи дека ништо како „наследството на поранешните влади“ не го натерало да стане „постратешки“.

Слични содржини