Курти: Опструкциите на Охридскиот договор не доаѓаат од Приштина, ЕУ треба што поскоро да ги повлече санкциите

од Vladimir Zorba
459 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека треба што поскоро да се повлечат казнените мерки на Европската унија против Косово, наведувајќи дека Косово е „креативно“, со идеи и посветено на дијалогот што резултираше со основниот договор и дека опструкциите на договор не доаѓаат од Приштина.

– Значи, на 27 февруари во Брисел договоривме договор, во преамбулата има шест реченици, 11 члена, што е де факто меѓусебно признавање. Во Охридскиот договор од 18 март, приложивме Анекс за имплементација од 12 точки. Но, тоа го прекрши официјален Белград, тамошниот претседател и му рековме да го спроведе целосно без услови и што поскоро. Затоа, опструкциите на договорот што ги имаме не доаѓаат од Приштина – рече Курти во интервју за ТВ Коха од Тетово.

Затоа смета дека не е ниту логично ниту рационално да се инсистира на мерки против Косово.

– Мораме да прифатиме дека деескалацијата на северот на Косово веќе се случи во значителна мера. Двапати го намаливме присуството на нашата полиција во зградите во три северни општини за 25 проценти и изразивме подготвеност за одржување предвремени избори – изјави Курти.

Според него, пристапот кон Косово треба да се подобри, а кон Србија да се заостри.

Во таа насока, тој наведува дека писмото потпишано од повеќе од 50 парламентарци од повеќе земји, адресирано до САД, Велика Британија и ЕУ, е „чекор во вистинската насока“.

Тој изјави и дека Србија е агресивна и не се оградува ниту од поранешниот претседател на СР Југославија, Слободан Милошевиќ, ниту од рускиот претседател Владимир Путин.

Слични содржини