Курти: „Отворен Балкан“ значи поголемо влијание од Русија и Кина

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Премиерот на Косово, Албин Курти, изјави денеска по повод проектот „Отворен Балкан“, во кој учествуваат Србија, Северна Македонија и Албанија, дека тоа е напор на српскиот лидер Александар Вучиќ да го отвори регион до Русија и Кина.

– „Отворен Балкан“ повеќе личи на Балканот отворен за влијанија од Исток, особено од Руската Федерација и Кина, како и отворен за автократија, корупција, воени злосторници, спротивно на европските вредности за демократија и владеење на правото – рече тој пред новинарите, објавија приштинските медиуми.

Според него, заеднички пазар не е возможен додека Србија не прифати да се соочи со минатото.

Курти увери дека односите меѓу Косово и Албанија се братски, без оглед на моменталните околности.

Слични содржини