Курти повтори дека нема да дозволи создавање на Република Српска на Косово

од Nikola Popovski
287 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека управувачкиот тим кој го предложи нацрт-статутот на Заедницата на српските општини ја исполнил својата функција и дека отстранувањето на тој тим и разрешувањето е природен и логичен процес.

– Tимot си ја заврши работата, немаме причина повеќе да го слушаме, тој кажа се што имаше да каже на 2 мај во Брисел. Неговата работа е завршена и неговото разрешување е природен и логичен проце, рече Курти.

Курти изјави дека не е задоволен од тоа што му беше претставено на 2 мај бидејќи, како што рече, очигледна е желбата да се создаде Република Српска на Косово.

Тој посочи дека нема да дозволи создавање на Република Српска на Косово.

– Трпеливо и внимателно го слушавме Управувачкиот тим. Барањето на нашите европски и американски партнери беше да се слушне презентацијата што ќе ја одржи тимот. Не бевме задоволни од тоа што менаџерскиот тим првпат не се сретна со министерот за локална самоуправа, Ељберт Красниќи, и покрај тоа што тој ги покани на 18 април. Отидовме во Брисел и ја слушавме презентацијата на нацрт-статутот. Беа две дами од четири члена на тимот, кои ја претставија суштината и ги претставија шесте, седум члена во кои видовме дека се работи за голема желба да се формира Република Српска на Косово, па рековме дека ја изразуваме нашата фундаментално несогласување со тој нацрт-статут, кажа Курти.

Тој рече дека на 2 мај го дал својот предлог за усогласување на членот 7 од постигнатиот договор, кој зборува за соодветно ниво на самоуправа на српската заедница, но дека посредниците не го оцениле тој предлог, а српската страна не го ни прочитала.

– Оваа нацрт-визија што ја презентирав таму беше инспирирана од хрватскиот модел за националните малцинства. Србија го прифати и договорот за моделот за заштита на српското малцинство во Хрватска. Ако Србија го прифати со Хрватска, веруваме дека ќе мора да го прифати и овде. Не ме интересира ниту контролата на Србите, ниту кршењето на нивните права, ниту некое малцинство, ниту граѓаните на Републиката. Конкретно, за членот 7 од основниот договор понудив нацрт-визија за која се надевам дека ќе добие оценка од европските посредници, рече тој, пренесува „Косово онлајн“.

Како што наведе, смета дека следниот чекор ќе биде средба со посредници и дека тоа ќе се случи во текот на овој месец.

Слични содржини