430
Премиерот на Косово, Албин Курти, побара од европските земји да ја прифатат земјата во Европската унија и НАТО, наведувајќи дека луѓето во Косово се загрижени дека рускиот претседател Владимир Путин ќе се обиде да предизвика војна на Западен Балкан за да го претвори во „бојно поле“ со западните демократии“.
„Сакаме да влеземе во ЕУ и НАТО“, рече Курти, додавајќи дека тоа би било добро за народот на Косово, за републиката и за целиот регион и европскиот континент“, истакна тој.
Курти во интервју за британски „Скај њуз“ изјави и дека земјите од ЕУ и НАТО треба да бидат „попосветени на отстранување на руското влијание од Балканот“.