Курти се состана со Борел и Лајчак

од Stefanija Kuzmanovska
174 прегледи

Премиерот на Косово, Албин Курти, во Париз разговараше со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, а темите беа спроведување на одлуката за регистарски таблички, дијалогот меѓу двете страни, како и последните случувања во ситуацијата на Косово, соопштија од кабинетот на Курти.

Како што пренесе „Телеграф“, Курти ги истакнал елементите на рамковниот договор за целосна нормализација на односите со фокус на меѓусебното признавање.

Тој оценил дека француско-германскиот предлог, кој има поддршка од САД и Европската унија, претставува добра основа за понатамошна дискусија.

Слични содржини