Курти: Секогаш е задоволство да се дојде во Скопје, имаме заеднички интерес – членство во ЕУ

од Nikola Popovski
23 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти денес од Скопје изјави дека земјите од регионот делат заеднички интерес и аспирации за влез во Европската Унија.

Курти им изјави на новинарите пред почетокот на состанокот на лидерите од Западен Балкан со функционерите од ЕУ, дека Македонија како и другите балкански земји, се стреми да стане членка на ЕУ.

„Задоволен сум што доаѓам во Скопје, главен град на земја-членка на НАТО и земја која, заедно со сите други балкански држави, се стреми да влезе во Европската Унија“, вели косовскиот премиер, потсетувајќи дека овој состанок требаше да се одржи во март, но беше одложен поради трагедијата во Кочани.

Тој додаде дека учесниците на состанокот веќе започнале дискусии за Планот за раст, синоќа на вечера организирана од премиерот Христијан Мицкоски.

„Секогаш е задоволство да се дојде во Скопје, особено сега кога имаме заеднички контролни пунктови на премините“, рече Курти.