Курти: Што поскоро да се стави крај на случајот Рамадани за да се зачуваат добрососедските односи

од Nikola Popovski
58 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти за време на неговата посета на Скопје изјави дека случајот со екстрадицијата на поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од Македонија на барање на Србија треба да заврши што е можно поскоро за да се зачуваат добрососедските односи со Скопје.

Курти на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски рече дека министрите за правда на Приштина и на Скопје во оваа прилика ќе бидат во постојан контакт.

Курти додаде дека смета оти ова прашање треба да се реши што е можно поскоро за да се спроведе законот и да се одржат добрососедските односи.

„Нашите министри за правда ќе бидат во директен и континуиран контакт, се ќе оди според општата вредност што се заснова на законот и Уставот во процедурите и институционалните правила во двете земји, но и во рамките на добрососедските и европските односи кои Сакаме да го негуваме, верувам дека тоа ќе се заклучи што е можно поскоро за да се применува законот, но и да се зачуваат и одржуваат добрососедските односи“, рече Курти.

Тој додаде дека е оптимист за се.

„Оптимист сум и гледам во иднината. Ова не е прв случај што ни се случува, такви случаи имало и во минатото. Верувам дека пресудите на судовите во Република Северна Македонија од минатото јасно покажуваат патот што ќе го следиме во блиска иднина“, рече тој.

Мицкоски повтори дека министрите за правда тесно ќе соработуваат за случајот.

„Министрите за правда ќе продолжат да соработуваат не само за овој случај, туку и за случајот „Монструм“, бидејќи добрососедските и билатералните односи ќе одат во позитивна насока. Оваа средба е добра затоа што сакаме да ги зголемиме и подобриме односите меѓу две влади“, рече македонскиот премиер.

Слични содржини