Ќе направиме служењето воен рок да биде задолжителен за да можеме да го одбраниме Косово, рече премиерот на Косово.
Премиерот на Косово, Албин Курти, во понеделникот пред членовите на косовската армија изјави дека воениот рок ќе биде задолжителен.
„Ние ќе ја направиме воената служба задолжителна, не затоа што сакаме да освојуваме, напротив, ние сме мирен и слободоумен народ, а слободни да можеме да го одбраниме Косово“, рече тој.
Тој повика на единство и надминување на разликите, објави Танјуг, повикувајќи се на пишувањето на медиумите на Косово.
Косовските безбедносни сили беа трансформирани во Косовската армија на крајот на декември 2018 година, кога добија мандат да го заштитат територијалниот интегритет, граѓаните, имотот и интересите на Косово.