Косовскиот премиер Албин Курти ја отвори денешната седница на неговата влада со честитки до Северна Македонија и Албанија за вчерашното отворање на пристапните преговори на двете земји со Европската унија.
Оценувајќи дека „вчерашниот ден беше многу значаен за Западен Балкан и за неговиот пат кон интеграцијата во ЕУ“, Курти рече дека напредокот на Северна Македонија и Албанија кон ЕУ е значаен датум, не само за тие две држави, туку и за целиот регион.
– Уште еднаш им го честитам на Република Албанија и на Република Северна Македонија отворањето на преговорите за членство во ЕУ. Ние се радуваме на ова историско достигнување на двете земји. Оваа одлука на ЕУ ни ја зајакнува посветеноста за реформи кои го преобразуваат и јакнат нашиот регион, а следствено на тоа тоа и Европа, изјави Курти на почетокот на денешнта владина седница.