Косовскиот премиер Албин Курти за „Вечерњи лист“ изјави дека на српскиот претседател Александар Вучиќ му пречи демократијата, а Косово не се вооружува затоа што се плаши од Србија, туку е на готовс поради српските воени бази, пренесе „Косово онлајн“.
Косовскиот премиер наведува дека „на северот на Косово имаат мирни и добри денови секогаш кога нема наредба од Белград за насилство“.
„Србите во Косово живеат многу подобро од Србите во Србија, но криминалците во Србија живеат многу подобро отколку во Косово. Гледате дека протестите на Вучиќ на Косово се насилни, а протести против Вучиќ во Белград нема. Животот на Србите во Косово им го отежнува Белград, кој не им дозволува да се интегрираат. Луѓето кои не се интегрираат не живеат многу добро, а оние што се интегрираат живеат подобро. Но, Белград не сака тие да живеат подобро, тој сака на некој начин да ги храни тензиите и потенцијалот за дестабилизација“, вели Курти.