Курти: Таксите за Србија ќе бидат заменети со принципот на реципроцитет

од Aleksandar Todeski
333 прегледи

Премиерот на Косово Албин Курти денеска изјави дека одлуката за воведување такси од 100 отсто на српската стока ќе биде заменета со мерка на реципроцитет, но исто така очекува и Србија да ја запре кампањата за повлекување признавања на независноста на државата.

Како што пренесува Косово онлајн, Курти на Фејсбук напиша: Таксата од сто отсто за српските стоки ќе биде заменета со принципот на реципроцитет. Стоотстотниот надомест ќе се отфрли кога ќе се воспостави реципроцитет. Набрзо почнуваме со подготовка на косовските царини.

„Како премиер на Косово, изразив подготвеност да се укине тарифата од100 отсто. Очекувам Србија да изрази подготвеност да ја запре кампањата за повлекување на признавањето на независноста на Косово“, напиша Курти.

Слични содржини