Премиерот на Косово, Албин Курти, објави дека уредбата за тест таблички за возилата со српски регистарски таблички што влегуваат на територијата на Косово и Метохија не е ниту провокација ниту дискриминација.
„Во оваа реципрочна мерка, и Косово и Србија се или во право или не се. Или ќе ја задржиме на двете страни или целосно ќе ја отстраниме“, напишал Курти во објавата на Твитер.
Тој додал дека „слободата на движење е право што Косово не смее и нема да го прекрши“.
Today, w/ Min.@XSvecla, we met w/ Quint ambassadors & head of EUOK regarding yesterday’s dec. about provision of temporary license plates for cars entering RKS w/ Serbian plates. I informed them that no incidents have occurred & that police are there to maintain order & security. pic.twitter.com/dOOgnWEmwx
— Albin Kurti (@albinkurti) September 21, 2021
Ситуацијата во Косово и Метохија е мирна, но напната по распоредувањето на специјалните единици РОСУ на северот од земјата. Граѓаните кои ги блокираа премините Брњак и Јариње ја продолжија блокадата, незадоволни од одлуката на Приштина за регистарските таблички. Во Белград се одржа седница на Советот за национална безбедност, на која главна тема беа настаните во Косово и Метохија.
Фото: N1