210
Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека се очекува во текот на следната година во Косово да има уште 600 војници и 500 полицајци.
Курти рече дека во 2024 година уште 600 војници и 500 полицајци ќе учествуваат во спроведувањето на, како што наведе, законот и уставноста, за одбрана и безбедност на Косово, пренесоа косовските медиуми.
„Кажете им на сите активисти и граѓани дека нема да можат да нè спречат ниту на југ ниту на север“, истакнал Курти на партискиот состанок на движењето Самоопределување.