143
Косовскиот премиер Албин Курти денеска дошол во ненадејна посета на земјава, при што остварил средба со тетовскиот градоначалник и лидер на БЕСА, Биљал Касами.
„Драг пријателе Албин, добредојдовте во Тетово, главниот албански центар во Македонија“, напиша најпрвин Касами на својот профил на Фејсбук.
Подоцна тетовскиот градоначалник објави дека на средбата разговарале за многу прашања во интерес на двете земји со цел соработка на централно и локално ниво.
„Оваа ненајавена посета уште еднаш ја потврдува нашата братска врска“, потенцира Касами.
Засега нема официјални информации кој е поводот за ненадејната посета на Курти во земјава.