Курти возеше комбајн: „За наш леб на нашата трпеза од нашата земја“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
540 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти денеска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој во владата на Косово, Фатон Пеци, го посетија местото Суходол и по тој повод го возел комбајнот „Џон Дир“.

„Годинава е засадена пченица на речиси 67.000 хектари, што е за 32 отсто повеќе од лани“, рече Курти.

Тој додаде дека поддршката на министерството за земјоделство, шумарство и рурален развој изнесува 474 евра по хектар и наведе дека тоа е „покачување од 216 отсто во однос на претходните влади, поточно 150 евра за површина, 150 евра за ѓубрење, 120 евра за принос (4 тони по хектар) и 54 евра за деривати (укинување на акцизата на нафтата)“.

„За наш леб на нашата трпеза од нашата земја“, порача Курти.

Слични содржини