Курти: За ескалацијата на северот на Косово виновен е Белград

од Stefanija Kuzmanovska
274 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти во петокот повтори дека српските власти се виновни за ескалацијата на ситуацијата на северот на Косово, дека тоа било планирано и имало автори.

Во собранието на Косово тој рече дека ситуацијата на северот на Косово ескалирала кога „криминалните групи“ се вратиле од состанокот што се одржа во Белград на 26 мај.

„Имаме доволно снимки кои докажуваат дека ескалацијата била планирана, добро организирана и дека имала автор. Автор е официјален Белград кој се погрижи предупредувањата за ескалација доколку полицијата не се повлече и градоначалниците не си заминат да станат реалност. Зголемената загриженост за ескалација доведе до тоа Србија да мобилизира криминални групи за навистина да ја ескалира ситуацијата“, рече Курти, пренесува „Танјуг“.

Косовскиот премиер ги нападна Србите од северот на Косово објавувајќи ги нивните имиња и директно обвинувајќи ги за немири.

Меѓу Србите на протестот, како што тврди, имало и навивачи на Црвена звезда.

Протестите, рече Курти, ги организираат обожавателите на Слободан Милошевиќ, а на претставниците им порача дека владата не може да се справи со насилните напади.

Слични содржини