Заедницата на српски општини, која Србија ја бара, ќе го поткопа Уставот на Косово, изјавил вчера косовскиот премиер Албин Курти и додаде дека тоа важи и за гаранциите за православните цркви и манастири.
„Заедницата на општини со српско мнозинство, која Србија ја бара, без претходно да го признае Косово, и барањето за преземање на извршните овластувања, било од владата или од општините, би го прекршило нашиот Устав“, рекол Курти во видео обраќање објавено на социјалната мрежа „Х“.
Според него, истото важи и за конкретни гаранции за православните цркви и манастири, пренесува „Косово онлајн“.
Тој посочил дека Владата на Косово е посветена да ги слушне барањата на сите малцински заедници и да чека политички барања врз основа на влијанието на граѓаните.
Курти истакнал дека постои силна заштита на малцинствата во Косово, вклучително и загарантирани места во парламентот, и дека малцинските заедници имаат право да стават вето на клучните закони и уставни амандмани и дека постојат квоти за сите назначувања и други позиции во јавниот сектор, вклучително и полицијата.
„Српското малцинство, кое сочинува околу четири отсто од населението, управува со повеќе од една четвртина од општините и има околу девет отсто од местата во Собранието што им се загарантирани, а српскиот јазик е официјален во Косово“, навел Курти.