161
Премиерот на Косово Албин Курти изјави дека е „загрижен“ дека отстранувањето на барикадите на северот на Косово „не може да исклучи жртви“, пишува „Гардијан“.
Во написот со наслов „Косовскиот премиер вели дека Русија ги разгорува тензиите во Србија“, весникот го цитира Курти кој вели дека „Приштина затоа сака да биде што е можно повнимателна за да се осигура дека нема да има дестабилизација и дека треба да има релативен мир и безбедност“.
„Меѓутоа, не можеме засекогаш да го дозволиме ова нарушување на законитоста и уставноста. Така што, ова мора да заврши, што побрзо, толку подобро“, рече Курти.