Куртоа го преболел дебаклот од Барселона

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Белгискиот голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го преболел поразот од Барселона со 0-4 на „Сантијаго Бернабеу“. „Белиот балет“ доживеа тежок пораз во последното коло, но останува сигурен лидер во поредокот.

„За време на натпреварот со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, стадионот стана котел што врие по нашиот прв гол и тоа ни даде сила да бараме победа. Ваквите натпревари остануваат засекогаш во меморијата.

Против Барселона ја видовме другата страна на медалот. Не одигравме добро, но навивачите останаа до крај и не поддржуваа, за што мораме да им се заблагодариме и да им се извиниме. На крајот се даваат три бода за победа и ќе се обидеме да ги земеме од мечот со Селта.

Сигурни сме во себе, такви работи се случуваат. Понекогаш е подобро да загубиш еден натпревар отколку да завршиш со три нерешени“, изјави Куртоа.

Слични содржини