Куртоа го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште 5 сезони

од Stefanija Kuzmanovska
292 прегледи

Тибо Куртоа ќе остане во Реал Мадрид во следните пет сезони. На веб-страницата на клубот е потврдено дека соработката со 29-годишниот белгиски голман продолжила.

„Реал Мадрид и Тибо Куртоа се договорија да ја продолжат соработката. Тој ќе остане во клубот следните пет сезони, односно до 30 јуни 2026 година“, се наведува во кратката изјава на „Лос Бланкос“.

Куртоа дојде во Реал пред три години, а неговиот претходен договор истече деновиве. Сега соработката продолжи.

Тој пристигна во Реал од Челси, а пред тоа стоеше на голот на Атлетико Мадрид и Генк.

Според проценките на специјализираната страница „Трансфермаркт“, вредноста е околу 60 милиони евра.

Слични содржини