367
Голманот Тибо Куртоа не бил целосно здравен за време на финалето од Лигата на шампионите помеѓу неговиот Реал Мадрид и Ливерпул во саботата, открива „Марка“.
Голманот, кој со 9 спасувања стана херој на тимот, имал болки поради спортската хернија од која боледувал. Поради предметната повреда, тој доби пауза во пресрет на финалето, кога во мај пропушти два од четирите натпревари на Реал во Ла Лига.
Докторот на белгиската репрезентација Ервин Леменс го потврди проблемот на Куртоа и прецизираше дека тој нема да настапува за тимот на претстојните натпревари од Лигата на нации.
„Мораме да се справиме со овој проблем на Тибо за да биде целосно здрав за новата сезона и претстојниот Мундијал“, изјавил докторот.