19
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, изјави дека сака да го продолжи договорот со фудбалскиот клуб од Мадрид.
Куртоа (33) има договор со Реал Мадрид до 30 јуни 2026 година. Белгискиот голман призна дека преговара со раководството на мадридскиот клуб во врска со продолжување на соработката.
„Би сакал да го продолжам договорот. Многу сум среќен во Реал Мадрид. Сонот е да играм за овој клуб. Јас сум на располагање на клубот, тие знаат дека сакам да останам тука… Се надевам дека ќе ја завршам кариерата во Реал Мадрид. Сега е време да се докажам на теренот, а останатото ќе биде лесно да се реши“, изјави голманот на Реал за „Диарио“.