Куртовски: Оваа огромна победа значи, огромна одговорност

од Берта Китинска

Со 3238 наспроти 1900 гласови, кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Мевмед Џафери за градоначалник на Маврово и Ростуше, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од општината во која веќе ја слават победата.

– Се заблагодарувам на сите граѓани кои беа дел од овој фер и демократски процес.Се заблагодарувам и на мојот противкандидат др.Мевмед Џафери, се заблагодарувам за фер кампањата и односот.Оваа огромна победа значи, огромна одговорност , јас ветувам дека чесно ќе работиме, кажа Куртовски.

Слични содржини