Курц би сакал да се произведуваат кинески и руски вакцини во Австрија

од Берта Китинска
322 прегледи

Австрискиот канцелар Себастијан Курц смета дека Европската агенција за лекови (ЕМА) треба да ги провери и руските и кинеските вакцини и изјави дека тој ќе биде подготвен да се вакцинира со тие вакцини.

Курц за германски „Велт ам Зонтаг“ истакна дека, откако двете вакцини ќе бидат одобрени, тој секако ќе се обиде да направи да има поголеми капацитетите за производство на руски и кинески вакцини во Австрија.

„Станува збор за добивање што е можно посигурни вакцини што е можно побрзо, без оглед на тоа кој ги развил“, објасни Курц.

Тој посочи дека не смее да има геополитички табу за тоа прашање. Канцеларот рече дека, доколку тие вакцини бидат одобрени, тој ќе биде подготвен да се вакцинира со Спутник V или кинеска вакцина.

„Најважното нешто во врска со вакцините е дека тие работат, дека се безбедни и брзо достапни и не треба да станува збор за геополитички борби“, подвлече Курц.

Поради сегашниот недостиг на вакцини во ЕУ, тој ги обвини проблемите во испораката и брзината на одобрување.

Слични содржини