Во изјавата по повод Денот на Европа, австрискиот канцелар Себастијан Курц посочи дека сегашната корона криза покажува дека прашањето за новиот договор за ЕУ е порелевантно од кога било, затоа што веќе не е „прилагодено“ на предизвиците со кои се соочуваат членките на ЕУ, објави австриската телевизија ОРФ во саботата навечер во својот вечерен дневник ЗиБ1.
Според него, изминатите недели јасно покажаа колку биле значајни достигнувањата на Европската унија досега, но во исто време тие јасно ги истакнале постојните слабости и пречки во Унијата.
„За да ги зачуваме нашите достигнувања и уникатниот европски модел на живеење и понатаму да го развиваме во иднина, потребни се промени денес“, се вели во соопштението на Курц, кој додава: „Многу предизвици на иднината веќе не можат поединечно да ги решат членките на ЕУ, туку само со силна Европска унија, како што покажува тековната криза со коронавирусот“.
ОРФ, исто така, истакна цитат во кој Курц особено ја истакнува неговата недвосмислена посветеност кон ЕУ: „Европската унија е најголемото достигнување на 20 век и во исто време најуспешниот мировен проект на нашиот континент“.
Потреба за нов договор за ЕУ, бидејќи во моментов веќе „не е соодветна“, изрази и австрискиот министер за ЕУ и Устав, Каролина Едстадлер. Таа истакна дека „Европската унија мора да се развива понатаму и дека овој процес мора да започне сега“.
Едстадлер предупреди дека ЕУ нема време за губење, бидејќи се соочува со големи предизвици како што е заштита на надворешните граници на Унијата, градење на заеднички пазар, прашање на конкурентност на ЕУ и многу други важни задачи.
И кога станува збор за предизвици, по Договорот од Лисабон во 2007 година, Европската унија се соочи со неколку исклучително сериозни и опасни кризи: криза на еврото, должничка криза, миграција и климатска криза и хаос околу „Брегзит“, …, а исто така се бори и со глобална корона криза.