246
Најскапата аквизиција во историјата на Барселона, Филипе Кутињо ќе ги исполнува обврските на повредениот капитен Андрес Иниеста, додека Шпанецот се опоравува.
Отсуството на искусниот Иниеста е голем удар за каталонците, бидејќи улогата на Андрес во тимот е фундаментална. Бразилецот беше земен со идејата да исполнува сосема поинаква улога, откако тренерот Ернесто Валверде се уште му го бара соодветното место во шемата.
Филипе дејствуваше и на двете крила и повеќе на централно зад напаѓачот. Вечерва против Малага сепак Бразилецот ќе треба да се враќа назад и да демонстрира поголема креативност, окупирајќи ја зоната околу центарот на теренот.