Кутињо: Не сум како Нејмар! Трофеи се важни, а не „Златната топка“

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Најскапата аквизиција во историјата на Барселона, Филипе Кутињо откри дека во основата на неговата мотивација е желбата да освои што повеќе трофеи.

Тој беше запрашан од весникот „Спорт“ дали се мотивира од можноста да ја освои „Златната топка“, каква е најголемата цел на неговиот сонародник Нејмар, кој го напушти „Камп Ноу“ во насока ПСЖ.

„Кога можноста да преминам во Барса се појави, воопшто не се двоумев. Бев сигурен, бидејќи мојот сон отсекогаш бил да играм за овој клуб. Сакам да успеам тука, да освојувам трофеи и да бидам среќен“, прокоментира Филипе, чиј последен трофеј е италијанскиот куп со Интер од 2011 година.

„Тоа е она што ме мотивира секој ден. Тоа ме инспирира за време на работата. Највистинскиот збор е „мотивација“. Трофеите се нешто што успева да ме воодушеви. Во овој клуб имам шанса да ги освојам, а јас сакам да освојам многу такви“.

„Да играш со толку многу класа играчи е уште подобро. Секој тим има свој стил на игра и јас се уште учам како да играм за Барса. Секој ден го давам најдоброто од себе“.

„Златната топка“ е нешто што сите играчи сакаат да го освојат, но јас мислам повеќе за тоа како да освојувам трофеи. Индивидуалните награди се последица од тоа да имаш добра сезона и да се освојјуваш трофеи. Но сега сум целосно мотивиран да победувам со Барса“, додаде Кутињо.

Слични содржини