297
Директорката на Царинската управа Славица Кутиров со соопштение до медиумите информира дека на денешната седница Владата на Република Северна Македонија ја прифатила нејзината оставка од функцијата директор на Царинската управа, поднесена од лични причини, а со цел понатамошен развој на нејзината професионална кариера на меѓународен план.
-Сакам да се заблагодарам на Владата и на премиерот Димитар Ковачевски за безрезервната поддршка во изминатите две години, што придонесе Царинската управа да прерасне во една од водечките професионални и технолошки напредни институции во државата.
На нејзиниот наследник му посакува успешна работа и, како што вели, уште подобри резултати.