203
Младата ѕвезда на Милан, Патрик Кутроне, беше бескрајно среќен по победата од 2:0 над Рома. Тинејџерот е најдобар стрелец на „росонерите“ оваа сезона и вчера успеа да го постигне првиот гол за неговиот тим.
„Јас сум толку среќен. Тоа беше многу важна победа за нас која ќе ја направи разликата во иднина. Не можам да не бидам задоволен со фактот што постигнав гол. Ние сме навистина една целина и мислам дека оваа победа ја постигнавме со тимски дејствиа. Покажавме дека сме тим. Тренерот многу мисли за сите нас и ние сме обединети“, изјави младиот Италијанец.
„Сега ќе мислиме за натпреварот во среда против Лацио, бидејќи сакаме да играме во финалето на Купот на Италија“, додаде Кутроне.