СДСМ бара оставка од членката на ДКСК, Цвета Ристовска. Според партијата, основани се сомнежите за судир на интерес по одлуката за директорот на АНБ, Бојан Христовски и неговата спорна диплома.
-Фактите кои што ги објавија медиумите се крајно загрижувачки. Тие ја разнишуваат довербата во ДКСК и ја компромитираат нејзинатта независност и објективност при одлучувањето. Алармантно е откритието дека членката на ДКСК која беше задолжена за случајот и реферираше дека се е во ред со дипломата на Христовски, истовремено е предавач на Универзитетот за туризам и менаџмент, институција која ја издала оваа диплома. Воопшто не е важно дали е платена за тоа или не. Со пријава до ДКСК, оспорена е диплома од универзитетот на кој Ристовска била професорка во време кога Христовски дипломирал во рок од една година, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа додаде дека „пиши-бриши“ постааките на универзитетот ги подгреваат сомнежите дека намерите е нешто да се сокрие од јавноста. Истакна дека Ристовска била избришана од составот на универзитетскиот кадар, за вчера повторно да биде вратена на веб-страницата на Универзитетот за туризам и менаџмент.
-Ристовска требало да биде иземена од овој случај. ДКСК треба да биде пример, а не да остава впечаток дека штити било кого, рече Кузеска и побара и повлекување и преиспитување на одлуката на ДКСК за случајот Христовски.