Кузеска до Арсовски: Ја поддржавте минималната плата откако видовте дека сите граѓани се за тоа

од Nikola Popovski
676 прегледи

„Дали ја поддржувате минималната плата да биде 18 илјади денари или само се приклучивте на тоа бидејќи ја видовте позитивната атмосфера од сите за растот на платата?“ го запраша портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска нејзиниот колега од ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Таа додаде дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ беше против растот на минималната плата и дека додека таа партија беше на власт таа беше под 9 илјади денари и не важеше за сите сектори.

„Се срамите пред граѓаните да кажете дека не сакавте да земаат по 18 илјади денари. Ве боли фактот што СДСМ за 100 отсто ја покачи минималната плата за само четири години“ рече Кузеска.

Портпаролката на СДСМ изјави дека кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт пензиите и минималната плата растеа само пред избори, со цел придобивање на гласови.

Слични содржини