Поттикнавте омраза кај народот со користење на зборот „северџани“ за вашите политички неистомисленици, а сега викате дека Преспанскиот договор е завршена работа за вас, му порача вечерва во емисијата „Само вистина“ портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на нејзиниот колега од ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Таа посочи дека во следниот период парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе расте и ќе продолжи да работи одговорно и во интерес на граѓаните и државата.
Кузеска појасни дека не било логично пратениците на СДСМ да влезат во салата кога опозицијата најавила рушење на Владата
-Не влеговме во Собранието во салата по одлука на партијата на седница на која Мицкоски најави дека има мнозинство и дека ќе ја руши Владата, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои не влегуваа да гласаат за пакет мерки за помош на граѓаните кои тогаш и се потпишуваа и земаа дневници, потенцира портпаролката.