Кузеска до Митева: Можевте во овие два дена да ја поддржите лавовската борба на премиерот Заев во Брисел

од Nikola Popovski
274 прегледи

„Вие во овие два дена можевте да дадете поддршка на лавовската борба, која што ја имаше премиерот Заев и останатите владини претставници со него, во Брисел. Тој ја претставува државата и вие можевте да се согласите дека ги поддржувате црвени линии“, ѝ се обрати портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на својата колешка од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Според неа, најголемата опозициска партија, цело време стои на страна.

„Наративот на вашиот шеф беше многу сличен, скоро ист со политичарите од Бугарија, во еден клучен момент. Тоа беа радикални изјави“, смета Кузеска, во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Слични содржини