Кузеска: Фронтекс е веќе активен, ЕУ е заштитник на границите

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Во нашата држава започна Заедничката операција под закрила на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС со соработка со македонската полиција, откако Договорот беше ратификуван од страна на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, изјави на прес-конференција портпаролка на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Договорот со ФРОНТЕКСе прв договор потпишан со ЕУ на официјален македонски јазик, со чиста формулација, без додавки и фусноти, каде нашиот македонски јазик е рамноправен со сите останати јазици на ЕУ.

Со тоа и официјално пропаднаа сите лаги и хистерии што ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги пласираа за наводно бришење и загрозување на македонскиот јазик.

Реализацијата на овој Договор е дополнителна заштита на нашите граници, на нашиот територијален интегритет.

Благодарение на храбрите и државнички одлуки на СДСМ и коалицијата, денес Македонија е препознаена како земја – фактор на стабилност во регионот, кредибилен партнер во одржувањето на мирот и безбедноста.

Покрај напредокот во евроинтеграциите, Македонија оваа година, годината на сериозни глобални предизвици успешно претседава и со ОБСЕ една од најзначијте безбедносни организации во светот.

Сето тоа за нас како партија е дополнителен мотив да продолжиме со реализација на потребни реформи и услогласување на македонското законодавство со европското, за побрзо завршување на преговорите со ЕУ.

СДСМ продолжува да биде дел од секој државен и национален успех, заедно со граѓаните ги реализираме стратешките цели“, наведе Кузеска.

Слични содржини