„Поминаа повеќе од шест месеци откако ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата да управува во најголем дел од општините низ државата. Она што граѓаните го гледаат, она што факт е дека во овие шест месеци, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо. Буквално ништо“, изјави денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Немаат реализирано ниту еден важен проект за граѓаните, ги немаат исполнето изборните ветувања и немаат започнато ниту еден капитален проект.
Неработата е изразена и во градот Скопје. Градоначалничката Арсовска во изминатите 6 месеци нема реализирано ниту еден проект. Нема бесплатен јавен превоз, депонии и ѓубре на секој чекор, нема нови паркови, зеленило, откажан е проектот за современ транспорт БРТ, а нема ниту нови 250 еколошки автобуси.
Јавноста знае дека за набавката на автобусите повикан да зборува се јави и Христијан Мицкоски.
После шест месеци заклучкот е дека градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ се најслабите градоначалници досега. Неспособност и неработа и ништо друго“, додава Кузеска.