Кузеска: Кој лаже за бојкотот – Мицкоски или Славески со неговите срамни изјави?

од Nikola Popovski
46 прегледи

СДСМ денеска ги коментираше изјавие на професорот и поранешен министер за финансии, Трајко Славески. Според партијата во опозиција, тоа е уште една скандалозна изјава на Славески.

-Срамна, дрска и потценувачка е било каква закана за граѓаните да не бараат поголеми плати. Се лаже ДПМНЕ ако мисли дека може некого да замолчи. Граѓаните имаат мака да обезбедат основни потреби за секојдневниот живот и со право работниците бараат поголеми плати. Обврска на власта е да ги зголеми плати е а да се обидува да ги замолчува.

Тоа е истиот човек, кој беше против покачувањето на минималната плата за работниците. Но, еве прашуваме зошто Трајко Славевски не се откаже од паушалот од 600 евра во Советот на Град Скопје.

Второ, Славевски вчера кажа дека е против бојкотот на маркетите а неговиот шеф Мицкоски пред некој рече дека го поддржувале. Сега прашањето е кој лаже, дали Мицкоски или Славевски, праша портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Славески во емисијата „Отворено“ вчера рече дека најавениот бојкот на маркетите во петок нема да го даде посакуваниот ефект. Според него решението за ваквите проблеми треба да го најде пазарот, бидејќи тој е единствениот кој може да ги креира цените на производите.

Тој тврдеше дека барањата за раст на платите ја подгревале инфлацијата.

-Ако очекуваме и мислиме дека цените ќе се зголемат наредните месеци, тоа ќе влијае и на фирмите и на потрошувачите и тоа само ќе ја зголеми инфлацијата. Покрај тоа, инфлацијата дополнително се подгрева ако постојано се зборува за зголемување на платите, додаде Славески.

Ова не е прв пат економистот професорот да има поинакви изјави за економските политики на партијата во чие раководство е, а ја извршува и функцијата претседател на Советот на Град Скопје.

Слични содржини