Кузеска: Кривичната против Груби поднесена на 13-ти, а на 15. декември слободно го поминува „Блаце“

од Nikola Popovski
28 прегледи

СДСМ се сомнева дека бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби не е никаков пропуст, туку станува збор за добро оранизирана работа од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

-Според изјава на министерот Тошковски кривичната пријава против Артан Груби е поднесена на 13-ти декември. За неполни два дена потоа Груби слободно го поминува граничниот премин Блаце, односно на 15 ти декември. Ова значи дека Груби навреме добил дојава од внатре, од самото МВР со кое управува Тошковски, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција во седиштето на партијата.

Од СДСМ потсетуваат дека Груби цело време додека е во земјава и додека ова се случува има лично полициско обезбедување кое е исто така под целосна надлежност на МВР.

-Понатаму, на граничниот премин Блаце, Груби слободно ја минува границата, иако внимавајте бил ставен на стоп листата. Си го дал пасошот и слободно си поминал, кажа Кузеска, додавајќи дека „ова е буквално истата шема при бегството“ на поранешниот терорист од УЧК, Блерим Рамадани.

Слични содржини