Кузеска: Лажниот патриот Мицкоски ја погази Резолуцијата за македонските позиции во однос на Бугарија

од Vladimir Zorba
196 прегледи

„Република Северна Македонија ги исполни сите услови за почеток на преговорите со ЕУ а нивното незапочнување е само поради блокадите на Бугарија“, вели денеска на прес Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Дури и со одлука на Европскиот совет е потврдено дека ги имаме исполнето сите услови за почеток на преговорите. Тоа е факт признаен и потврден од сите.

Зошто Мицкоски прифатил усовјување Резолуција од ЕПП со ставови на Бугарија, спротивно на македонските позиции и македонската Резолуција, усовоена во нашето Собрание?

Ова е прашање од врвен национален интерес и ваков чекор на Мицкоски кој ги поткопува државните позиции во однос на Бугарија, е еднакво на предавство на националните интереси.

Два дена лажниот патриот Мицкоски се крие, нема одговор ниту од него ниту од Белата палата зошто на Конгрес на ЕПП прифатиле Резолуција со ставови на Бугарија“, вели таа.